Богатите луѓе внимателно го избираат своето место на живеење- ова е градот со најмногу „богаташи“

Богатите луѓе внимателно го избираат своето место на живеење, како и нивната локација за деловно работење, врз основа на анализа на голем број фактори. Изборот е најчесто град за кој се смета дека никогаш не спие.

Постојат многу дестинации на нашата планета кои се погодни за живот на луѓе со длабок џеб, бидејќи на такво население им се нуди можност да уживаат во разни содржини, како и во подобрата страна на животот, пишува списанието LuxLife.

Њујорк е еден од градовите што како магнет привлекува луѓе кои имаат големи соништа, па во него живеат околу милион милионери, повеќе од кој било друг град во светот.

И додека овој град има најмногу ултрабогати, титулата за град со најгусто населени милионери и милијардери му припаѓа на Монако, каде што е богат секој 29-ти жител. Зад Монако, Аспен не заостанува.

Според извештаите на компанијата „Wealth X“, која се занимава со финансиско истражување на платформи за недвижнини, се посочува дека ниту еден град нема поголем број на индивидуални сопственици на имот со огромно приватно богатство, поголемо од 30 милиони долари, како колку што има Њујорк.

Заедничка студија се обиде да открие каде живеат најбогатите луѓе. Се испостави дека е Њујорк, каде има дури 24.660 членови на богатата популација.

На второ место е Лос Анџелес, каде живеат околу 16.295 богати луѓе, потоа Лондон со 14.485, потоа Хонг Конг и Париз.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега