Директорката на градинката Сончоглед ќе одговара за труењето на децата
Државниот санитарен здравствен инспекторат ќе поднесе кривична пријава против директорката на детската градинка Сончоглед во населбата Автокоманда откако дојде до труење на 12 деца со фекална бактерија и салмонела.
Засега нема нови дечиња примени на клиниката за инфективни болести, а веќе е направена дезинфекција на кујната и просториите во градинката во Автокоманда.
Инаку, кујната е затворена со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
06.11.2013 - 12:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа