ДС: СДСМ го донесе законот според кој е осуден Кежаровски

 

Демократскиот сојуз ќе предложи измена на Законот за заштита на сведоци, во делот на казнените одредби.

Со постојниот Закон, за објавување на вистинскиот идентитет на загрозен (заштитен) сведок е предвиденa минимална казна од четири години, а најстрогата 15 години или доживотен затвор, а како што најавија од Демократскиот сојуз, со промените одговорноста ќе остане за лицата со посебни права и должности, но ќе се предложи намалување на казната за „трети лица“ кои дознале за правиот идентитет на заштитен сведок.

Инаку, досегашното законско решение беше донесено до Владата на СДСМ и ДУИ.

06.11.2013 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега