Почина новинарката Искра Ефтимова

На 39-годишна возраст по долгогодишно и тешко боледување утрово почина новинарката Искра Ефтимова. Иако кус, нејзиниот професионален живот, како новинар од областа на културата и уметноста беше богат, и нејзниот придонес секако ќе остане забележан некаде низ архивите на печатените и електронските медиуми. Уште од основното училиште покажуваше афинитет и љубов кон медиумите за што сведочи неколкугодишната соработка во телевизискиот образовен проект Фиданка на Македонската телевизија. Соработуваше во неделникот Денес и во дневниот весник Македонија Денес,  а најдолго како дел од забавната и културната редакција на Телевизија Телма. Работеше и неколку циклуси ТВ есеи на Наша ТВ. Болеста ја затекна додека се обидуваше големата љубов кон уметноста да ја претвори во сопствена реалност, додека студираше на катедрата за режија на ЕСРА универзитетот во Скопје, вториот факултет. Инаку дипломираше и на Скопскиот универзитет на одделот за филозофија. Во нејзиниот разновиден професионален живот место има и соработката на неколку рекламни кампањи преку познатата маркетинг агенција Сачи и Сачи.

Последното испраќање е закажано за 9:30 во Капелата на Градските Гробишта Бутел, а погребот за 10:30 часот на Градските Гробишта Бутел.

06.11.2013 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа