ФОТО: Љубовта не познава граници - девојка се омажи за момче кое починало пред две години

21- годишната девојка Сања Секе од Шид решила на необичаен начин да ја покаже љубовта кон своето починато момче Игор.

На свадбата само таа беше во бело, а Игор кој поради срцевите проблеми неочекувано почина во 2011 година со наполнети 29 години, беше заменет таа вечер со кукла-манекен, на која стоеше неговиот костум.

- Како да се собере храброст и да се направи венчавка без присуство на саканата личност? Да се облечеш во бело и да застанеш сам пред олтарот, без присуство на матичар? Таа храброст се вика љубов, борба за личноста која повеќе не постои на оваа земја, а сепак се сака до коски - раскажува Сања, инаку вработена во Канцеларијата за млади во Шид, за „Ало“.

Таа раскажува како се запознале со Игор.

- Се запознавме на улица во 2009 година кога случајно го закачив со чантата при минување. Како на филм, така и се почна и кај нас. Му требаше многу време да допре до мене, затоа што бев повлечена и секогаш во некој друг свет. Подоцна ми рече дека знаел штом ме видел дека сум јас таа за која мечтаел - се присетува нашата соговорничка и додава дека таа тогаш имала 17 години, а Игор бил повозрасен од неа десет години.

06.11.2013 - 10:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа