Судот ја потврди пресудата на Берлускони за затајување данок

 

Апелацискиот суд во Милано ја потврди денеска пресудата за поранешниот премиер Силвио Берлускони по обвинение за затајување данок, кој во првостепената постапка е осуден на четиригодишна затворска казна.

- Судот ја потврдува пресудата против Силвио Берлускони, рече судијата од миланскиот суд.

Поранешниот премиер сега на ваквата одлука може да се жали на судот од повисока инстанца - на Касациониот суд.

Минатиот октомври Берлускони е осуден на четиригодишна затворска казна поради фискална проневера во рамки на неговата медиумска компанија „Медијасет“, бидејќи вештачки ги зголемил цените на правата за дистрибуција на филмови.

Берлускони ги негира обвиненијата и истакнува дека е жртва на политички мотивирани обвинители. 

најчитано сега