ВИДЕО: Индија испрати вселенско летало на Марс!

Првата азиска земја која ќе испрати своја мисија на црвената планета, е Индија , која денеска лансираше вселенско летало.

Мисијата е вредна 73 милиони долари, а лансирањето беше од индиските острови Шрихарикота.

„Имаме уште многу учиме за и за Универзумот и за Сончевиот систем, и тоа е истражување на човештвото од самиот почеток“, изјави пред самото полетување на сателитот, шефот на Индиската вселенска истражувачка организација К. Радакиршнан.

Ако се се одвива како што треба ова летало би требало да стигне на Марс за 300 дена. Сепак повеќе од вкупно 40 светски обиди да се стигне до Марс , 23 не успеаа, вклучувајќи ги и мисијата на Јапонија во 1999 година и на Кина во 2011 година.

 

Досега само САД и Русија имаат лансирани вселенски бродови кои успешно слетаа на Црвената планета.

05.11.2013 - 16:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега