Киднапирале македонски државјани: Уапсени пет лица во Косово, меѓу кои и полицајци

 

Пет лица, меѓу кои и полициски службеници, биле уасени поради сомнение дека извршиле киднапирање.Случајот се случил во вила во косовската општина Ново Брдо, пренесува „Слободен печат“.

Полицијата постапила по пријава на македонски граѓанин, брат на еден од киднапираните. Тој пријавил дека му било испратено видео од двете жртви, исто така граѓани на Македонија.

„Можам да ви потврдам дека пет лица се уапсени, од кои две се полицајци. Постои сомневање за киднапирање. Тие беа фатени на дело во вила во регионот Гњилане дека киднапирале двајца државјани на Македонија заради материјална корист“, изјавил главниот обвинител на Обвинителството во Гњилане, Арбен Кадриу.

На осомничените полициски службеници, заедно со другите кои биле уапсенипо наредба на обвинителот, одредена им е 48 часовен притвор.

При полициската акција косовската полиција на местото на злосторството пронашла и запленила:

• две (3) оружја (револвери) од кои (2) официјални револвери.

• Два пара пластични лисици

• Два автомобили во сопственост на осомничените

• И други материјални докази.

„Жртвите беа врзани со пластични лисици, но тие беа во добра здравствена состојба. Откако двајца од уапсените беа идентификувани како припадници на косовската полиција, веднаш беше известен косовскиот полициски инспекторат и пристигна на местото на настанот“, објави полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2021 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега