Почина новинарот Тачко Локвенец

 

На 79 годишна возраст во Прилеп почина познатиот новинар Тачко Локвенец, Тој беше познат новинар многу пошироко од неговиот град, мајстор на пишаниот збор, со свој разигран и препознатлив стил.

Локвенец работеше за весникот „Нова Македонија“, Радио Прилеп, „Народен глас“, го издаваше и својот весник „Порта".

Читателите го паметат и по безброј други текстови и репортажи, никаде не одеше без својот тефтер, од кој излегуваа неговите прилепски хроники. Напиша и голем број на анализи и коментари. Автор е и на повеќе книги,  „Вест и власт“, „Љубовни легенди од Прилепската чаршија", „Судница лудница", „Дабница", „Ние сме тука",„60 години од почетокот до денес" и други.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2021 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега