Приведен Албанец на граничниот премин „Блато“ - се обидел да поткупи полицаец

 

Денеска во 13:10 часот на граничниот премин Блато, на влез во Република Македонија, полициски службеници го лишиле од слобода А.Г.(43) од Република Албанија. При вршење на граничните проверки тој се обидел да даде потпкуп од 50 евра на полициски службеник за поминување на државната граница за него и неговото дете, информира МВР.

А.Г. бил предаден на инспектор при Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија -Дебар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2021 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега