Исчезнатата жена била пациентка од Клиниката за онкологија- семејството ги моли граѓаните за помош
Жената која вчера исчезнала во кругот на Државна болница, а семејството бара помош за нејзино пронаоѓање и на социјалните мрежи била пациентка од Клиниката за онкологија, а вчера излегла од болница и не се вратила, пренесува „Слободен печат“.
Облечена во тенка блуза, тегет тренерки и розови папучи, пациентка по име Ленка Најденова (70) од Крива Паланка излегла од Клиниката за онкологија вчера попладне незабележана од никого, ниту од обезбедувањето ниту од медицинскиот персонал и се упатила во непознат правец, а семејството моли доколку некој ја види веднаш да пријави во полиција или да го исконтактира семсјтвото.
Жената излегла од Клиниката за онкологија околу 15 часот попладнето.
-Тетка ми ја нема цела ноќ. Од полиција ни кажаа дека ја забележале кај две амбасади но не ја препознале и не ја задржале. Цимерката со која беа во соба ни кажа дека заедно биле на зрачење, немала негативни појави од тоа и затоа е многу чудно ова што се случи. Не е дека не сакала да се лекува, зашто беше среќна што беше примена на клиниката и што ќе прими терапија,изјавила за Слободен печат Маја Дурмишовска од Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа