Возење без возачка и под дејство на алкохол- „летаа“ казни во општина Илинден
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што се издадени повеќе казни.
На територијата на општина Илинден изречени се вкупно 62 мерки, меѓу кои пет за возење без возачка дозвола, 10 за возење под дејство на алкохол, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за дасе зголеми безбедноста во сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа