Фармери од Македонија на обука во Холандија

Македонски фармери ќе имаат можност да се обучуваат во Холандија.  „Стекнување стручно образование за управување со земјоделски кооперативи” е обуката во Холандија што до 16 овој месец ќе ја посетуваат вкупно 16 фармери од Македонија.

Федерацијата на фармери на Македонија денеска обелодеи дека обуката се базира на презентација на позитивни практики и знаења од Холандија како земја членка на ЕУ со значително меѓународно влијание во развојот на земјоделството што ќе резултира со зголемување на способноста, автономијата и компетентноста на македонските фармери за кооперативно управување.

 

 

05.11.2013 - 14:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега