Тетовчанец претепал продавач на тезга

 

Тетовчанец во текот на вчерашниот ден бил нападнат од страна на млад сограѓанин.

Се работи за 60-годишниот С.А. кој бил претепан од страна на 29-годишното момче Ф.А. откако со својот автомобил „Сеат Кордоба“ дошол до тезгата за продавање овошје на тетовчанецот и започнал да го попречува во работата додека тој ја растоварал стоката за продавање од трактор. Вербалната расправија набргу прераснала и во физичка пресметка кога Ф.А.  излегол од возилото и физички го нападнал Н.А. брат на С.А., по што го стартувал автомобилот и со голема брзина се обидел да вози кон С.А. кој со метална шипка удрил во шофершајбната и  ја скршил.

 Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

05.11.2013 - 14:55
Фото: 
точка

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа