Осомничениот за пукањето во трговскиот центар во Њу Џерси е пронајден мртов

Полицијата на Њу Џерси соопшти дека осомничениот за нападот во трговскиот центар е пронајден мртов. Телото на 20-годишниот Ричард Шуп било пронајдено во задниот дел на трговскиот центар „Гарден стејт плаза“ во градот Парамас.

Според првите проценки од истрагата се наведува дека тој извршил самоубиство со истото оружје што го употребил во трговскиот, а до него е пронајдена и порака.

 

Полицијата го блокирала реонот околу центарот по информациите дека од објектот са слушнати повеќе истрели, непосредно пред неговото затворање синоќа во 21:30 часот по локално време.

05.11.2013 - 14:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега