Се опијанил па крвнички ја претепал поранешната сопруга – хорор за гостиварчанка

 

 

Гостиварчанка преживеала вистински хорор кога синоќа во нејзиниот стан лоциран на булеварот Гоце Делчев, дошол нејзиниот поранешен сопруг и ја претепал.

30-годишната Ќ.А. била нападната од нејзиниот поранешен сопруг, 37-годишниот З.А. кај кој полицијата при алкотестирањето открила дека имал 1.6 промили алкохол во крвта.

 

Откако се опијанил, гостиварчанецот дошол во станот на поранешната сопруга и почнал да ја влече за коса, а потоа ја удрил во пределот на главата и започнал да фрла предмети на сите страни, заканувајќи се дека ќе и го одземе животот.

05.11.2013 - 14:38
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа