Насилници претепале малолетник од Скопје

Ученици од средното  училиште „Владо Тасевски“-ПТТ  синоќа предизвикале инцидент во близина на Транспортниот центар во Скопје.

До тепачката дошло околу 19 часот и 30 минути кога, според информациите од полицијата, 16-годишен ученик од Волково, Н.М.  бил нападнат од страна на група насилници, кои најверојатно се од средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“.

Момчето било веднаш пренесено во Ургентниот центар во Скопје, а денеска е пуштено на домашно лекување.

05.11.2013 - 11:07
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега