Напаѓачот од трговскиот центар Њу Џерси е идентификуван

 

Локалната полиција на Њу Џерси соопшти дека за синоќешниот напад во трговскиот центар во градот Парамас , Њу Џерси е осомничен дваесетгодишниот Ричард Шуп.

Според полицијата Шуп најверојатно се уште се наоѓа во околината на трговскиот центар „Гарден стејт плаза“.

Шуп отворил оган предизвикувајќи паника меѓу присутните во центарот, при што ја искористил турканицата за да го напушти објектот, во која има околу 300 продавници.

За среќа во инциентот, нема повредени, веднаш по почетокот на пукањето многу од посетителите и продавачите се сокриле во продавниците и служебните простории.

 

Осомничениот пукал со пушка , а засега не е познато колку куршуми се истрелани.

05.11.2013 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега