Казна од 5.700 евра за кражба на нож
Швеѓанец треба да плати казна од 5.700 евра, бидејќи додека чекал на каса во продавница украл нож. Тој подоцна на полицијата изјавил дека не знаел зошто го украл.
Цената на ножот изнесувала 707 круни, а бидејќи тој со своите приходи бил во можност да го купи, затопа добил казна од 50.000 круни што е околу 5.700 евра.
На камерата инсталирана во продавницата, продавачот можел да види што се случило
При полициското сослушување мажот го признал делото и рекол дека понекогаш „се чувствува конфузен во мислите“, но дека никогаш порано на памет не му паднала идеја да украде што било
05.11.2013 - 10:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа