Четири лица загинаа при уривање на четирикатница во Нигерија
При уривање на четири катна зграда во нигерскиот град Лагос, четири лица го загубија животот.
Како што соопштија од Црвениот крст на Нигерија под урнатините на зградата останале затрупани уште околу 50 лица. Досега од под урнатините се извлечени четири безживотни тела, а дека седум лица се спасени, од кои тројца се тешко повредени.
„Слушнавме звук од третиот кат на зградата и почнавме да трчаме колку што не држат нозете. Таму има заробени, некои се изнесени повредени, некои мртви“, изјави Мохамед Казим, еден од преживеаните работници.
Зградата се наоѓала во елитниот дел на Лагос, кој е и главен трговски центар на Нигерија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа