Џенис Џоплин со своја ѕвезда на Булеварот на славните

Легендарната блуз и психоделична рок пејачка, Џенис Џоплин, постхумно доби ѕвезда Булеварот на славните во Холивуд.

Таа ја доби 2.510 ѕвезда на познатиот Булевар, а на церемонијата присуствуваа нејзиниот брат и сестра.

„Џенис е легендарна фигура и нејзините фанови во целиот свет се уште ги споменуваат нејзините песни“, изјави продуцентот на церемонииите на холивудскиот Булевар на славните, Ана Мартинес.

 

Џенис Џоплин во својата кариера издаде 4 албуми, а почина во 1970 година на 27-годишна возраст, поради предозирање со хероин.

05.11.2013 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега