Американскиот сенат ќе започне расправа за закон против дискриминација на хомосексуалците

 

Сенатот на САД со 61 гласа „за“ и 30 „против“ донесе одлука да започне расправа за законот против дискриминација на хомосексуалците.

Со законот се предвидува дека работодавачите во иднина нема да смеат да ги дискриминираат работниците врз основа на нивната сексуална определба, независно дали таа е реална или само впечаток на работодавачот.

Овој предлог закон го подржаа седум републиканци, а и претседателот Барак Обама исто така силно го поддржува законот, велејќи дека дискриминацијата на хомосексуалците на работните места е срамна.

Сепак се очекува проблеми во изгласувањето во Претставничкиот дом, каде спикерот Џон Бојнер се изјасни против неговото донесување.

 

Сепак овој закон нема да се однесува на верските  организации, како и на компаниите со помалку од 15 вработени, за кои честопати една долготрајна и скапа тужба може да значи и целосен колапс.

05.11.2013 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега