Измамена штипјанка останала и без пари и без дрва за огрев

Итар штипјанец успеал да измами своја сограѓанка, ветувајќи и дека ќе и продаде дрва, по што измамената жена останала и без дрвата за огрев и без своите пари.

Како што информираат од полицијата, измамата се случила во текот на вчерашниот ден кога штипјанец и понудил на 54-годишната сограѓанка А.К. кубик дрва по 2400 денари и и рекол дека дрвата ќе и даде да ги отплати на две рати. Измамената жена на штипјанецот му дала 4000 денари, по што тој си заминал, а откако таа не ги добила дрвата, ја сфатила измамата и случајот го пријавила во полиција.

Полицијата работи на случајот.

05.11.2013 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега