Драма во Њу Џерси: Вооружен маж отворил оган во трговски центар

Напосредно пред затварањето на трговскиот центар во градот Парамс, во Њу Џерси, вооружен маж отворил оган.

Полицијата изјави дека засега нема податоци за жртви и повредени лица.

„ Биле слушнати повеќе истрели, а напаѓачот веројатно избегал од центарот“, истакна градоначалникот на Парамс.

Излезот од трговскиот бил блокиран, а лицата кои биле внатре се евакуирани.

 

Во Њу Џерси денеска се одржуваат избори за гувернер на оваа сојузна американска држава.

05.11.2013 - 09:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега