Бразил ги прислушкувал амбасадите на Русија и Иран
Весникот „Фоља де Сао Паоло“ објави документи на бразилската безбедносна агенција Абин, кои покажуваат дека агенцијата го шпионирала персоналот на руската и иранската амбасада во Бразил.
Според тврдењата на весникот, документот содржи детали за десетина операции на прислушување, спроведени во 2003 и 2004 година за време на мандатот на поранешниот бразилски претседател Луис Лула да Силва.
Весникот наведува дека бразилските агенти ги следеле и фотографирале вработените од амбасадите на Русија и Иран.
04.11.2013 - 16:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа