СДСМ: Јакимовски да каже зошто доцни со паркот што му го вети на Влае

 

СДСМ денеска одговори на реакцијата на Стевчо Јакимовски.

- Господине Јакимовски, на колку ниско ниво паднавте, да се браните преку портал на ВМРО-ДПМНЕ. Без срам образложувате дека фирмата изведувач била од СДСМ?! Па СДСМ ли Ве натера да склучите договор со таа фирма што велите дека била од СДСМ? Вие во реакцијата самите признавате дека станува збор за фирма којашто легално се пријавила на тендер, распишан од општината Карпош. Значи Вие сте оцениле дека тоа е најдобрата понуда?! Затоа ли ја прекинавте соработката со фирмата што почна да го изведува проектот, што го стопиравте? Зашто сопственикот бил од СДСМ?, прашуваат од партијата.

 

СДСМ во реакцијата го прашува Јакимовски дали  бизнис - коалициските интереси со ВМРО-ДПМНЕ се вистинската причина што доцни Паркот? Имате намера да направите Парк или ќе оставите трски пред комплексот Порта Влае?, велат од СДСМ.

04.11.2013 - 14:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега