Џастин Бибер го погодија со шише додека пееше на сцена!

 

Тинејџерската атракција Џастин Бибер кој пред неколку дена имаше концерт во Бразил, си замина разочаран од сцената откако некој од публиката почна да фрла шишиња кон него, при што му го бутнаа и микрофонот кој го држеше во рака.

Во моментот кога го погодија со шише, Џастин се сврте и си замина од сцената, а со тоа ги разочара фановите кои платија многу скапи карти само за да го видат својот омилен пејач.

Снимката од инцидентот се појави на Интернет и со брзина на светлината се рашири на социјалните мрежи.

 

 

 

04.11.2013 - 14:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа