Верувале или не - ова е првиот автомобил кој лета (ВИДЕО)
Ентузијастот Штефан Клејн од Словачка со годинини напорно работел на авотмобило кој може да лета.
Тој е основач и главен дизајнер на фирмата Аеромобил и неодамна ги објави првите тестирања за прототипот Аеромобил 2.5 за двајца патници.
Крилата на овој Аеромобил пред летот се рашируваат и од чуден автомобил оваа машина се претвара во мал авион. Моторот Ротакс 912 е авионски мотор и во воздух достигнува до 200 км/час со брзина на полетување од 130 км/час и досег од 700 километри.
Овој автомобил со крилја постигнува брзина од 160 км/час и досега до 500 километри со потрошувачка на горивото од 7,5 литри на земја и 15 во воздух.
Извор: NoCarNoFun
04.11.2013 - 14:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа