Собранието го донесе ребалансот на Буџетот

Собранието на Република Македонија денеска го донесе ребалансот на буџетот за 2013 година.

Со ребалансот на буџетот дополнителни средства добија Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Министерството за образование и наука. Ребалансот доби поддршка од 58 пратеници. 

Со ребалансот нема да има кратење на реализацијата на капиталните инвестиции која првите осум месеци е 10 проценти повеќе од минатата година и се очекува до крајот на годината да се оствари. Позначајни промени нема и другите позиции остануваат во рамки на проектираното.

Вицепремиерот Ставревски оцени дека Буџетот за 2013 година се реализираше како што е ветено. Тој истакна дека прецизно и навремено се исплаќаа обврските кон стопанството, граѓаните и кон сите оние кои треба да добијат средства од Буџетот.

Опозицијата не го поддржа предложениот ребаланс и во денешната расправа повтории дека тој е донесен на недемократски начин, дека се носи за да се зголеми задолжувањето на државата од планираните 60 милиони на 160 милиони евра.  

 

04.11.2013 - 14:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега