ВИДЕО: Куче го спасило животот на напуштено бебенце!

 

Куче по име Џејд пронашло напуштено бебенце и му го спасило животот. Се работи за женка германски овчар која го пронашла бебето кое било оставено во торба, додека душкала во еден парк. 

Кучето застанало пред торбата која мрдала, па сопственикот се изненадил кога се приближил и видел што има во неа.

- Се приближив и видов дека торбата се мрди. Мислев дека внатре влегле мали мачиња, но потоа видов главче и рачиња на бебе, вели човекот.

За среќа, бебенцето е сега добро и се опоравува во болница, но доколку уште одреден период останело во торбата, последиците би можеле да бидат фатални.

04.11.2013 - 13:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа