Летале стаклени шишиња на сите страни - тепачка во кафе-барот Клуб во Куманово

 

Двајца кумановчани си заработија кривична пријава бидејќи се збеснале и направиле хаос во кафе-барот Клуб во Куманово.

Се работи за 30-годишниот И.Д. и 26-годишниот Р.И. вработен како обезбедување во клубот, кои во три часот по полноќ најпрво започнале вербална расправија со 27-годишниот И.Б. Набрзо расправијата кулминирала со тепачка, а И.Д. во еден момент започнал да го удира сограѓанинот и со стаклени шишиња.

Кога полициските службеници пристигнале на местото на настанот, Р.И. дал исказ со кој потврдил дека кумановчанецот кој предизвикал хаос всушност не бил во објектот за  време на настанот.

04.11.2013 - 13:30
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа