Словенија и Хрватска имаат проблем со зборот „stay“

 

Словенија и Хрватска повторно се во спор поради случајот со „Љубљанска банка“, бидејќи експертите не можат да се договорот околу значењето на англискиот зборот „stay“ во меморандумот за разбирање. Меморандумот беше потпишан во март од страна на премиерите на двете држави.

Имено, Хрватска смета дека теминот значи оти процесите треба да се стават во мирување, додека Словенија наведува дека согласно словенечкото право не постои можност за привремен застој, туку дека постапката мора да биде прекината.

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец смета дека постапките против „Љубљанска банка“ пред хрватските судови мораат да бидат откажани се додека не се најде конечното решение за старите девизни заштеди во оваа банка во Хрватска во рамки на преговорите за сукцесија на поранешна Југославија.

04.11.2013 - 12:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега