Појава на детска парализа кај 22 дечиња во Сирија

 

Во Сирија се појавија 22 случаи на „акутна флакцидна парализа“. Светската здравствена организација препорачува на сите оние кои патуват во Сирија да се вакцинираат против полио.

Најголем дел од заболените се деца под две годишна возраст, од кои некои биле вакцинирани, а некои воопшто не биле вакцинирани. 

Ова е првпат по 14 години во Сирија да се појави опасниот вирус. Во земјата веќе започнале да се спроведуваат  епидемиски мерки, а на 24 октомври започна вакцинацијата на населението Во Сирија имунизацијата бележи голем пад од дури 91 процент во 2010 година, до 68 проценти минатата година. Планирано е да се вакцинираат 1, 6 милиони деца против полио, сипаници, зараазни заушки и рубеола во областа контролирана од владата и во воената област на Сирија . 

 

04.11.2013 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега