Конечно откриена мистеријата за смртта на фараонот Тутанкамон
Мистеријата за смртта на 19 - годишниот фараон Тутанкамон која долги години ги мачеше историчарите конечно разрешена.
По многуте истражувања и испитувања меѓу кои и виртуелна обдукција, компјутерска симулација истражувачите конечно добија одговор и нема никаков сомнеж дека фараонот починал од сообраќајна несреќа.
"Постојат докази дека бил удрен од кочија. Има сериозни повреди на градниот кош и екстремитетите, кои укажуваат дека тој бил удрен од возило кое што се движело со голема брзина", кој имаше увид во белешките кои што настанале при откривањето на гробницата, а истите досега не беа објавени, изјваил директорот на Друштвото за истражување на Египет, докторот Крис Нонтон.
"Ова е објаснувањето за брзото балсамирање и погребот, пред се затоа што тогашните доктори не биле навикнати на уништени тела, туку на луѓе настрадани од болести или старост. Телото на Тутанкамон било скршено и сигурно истото многу крварело", додава директорот Нонтон.
Фараонот загинал во 1323 година пред нашата ера
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа