Јакимовски реагира на обвинувањата на СДСМ: „Ем СДСМ-овчиња-ем мангупчиња!“
Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, синоќа реагираше по обвинувањата на СДСМ која тој ја напушти поради несогласувањата со екс-лидерот Бранко Црвенковски.
- Како што милува Бранко Црвенковски да каже: „Ем СДСМ-овчиња-ем мангупчиња!“ Ем СДСМ-овска фирма (зет и дедо-од Кабинетот на последната Влада на Социјалдемократскиот сојуз) на тендер ја добија изградбата на плоштадот во Влае, ем ја оплескаа работата, ем држат пресови за незавршување на плоштадот. И покрај сите преписки со општината и укажувања за неизвршените работи и неисполнети обврски што ги имаат, тие очекуваа да ги молиме и својот непрофесионализам и опструкции сега го покриваат со најдрски пресови.Плаковци! Наместо да се покријат од срам, уште вината ја префрлаат на општината, реагира на обвинувањата Јакимовски.
Градоначалникот им препорачува на советниците на СДСМ пред да си прават публицитет со неинвентивни изјави, прво да си погледнат во сопствениот двор што кадар нудат на „пазарот“, а не да се посипуваат самите со пепел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа