Хит на Интернет: Студентка му остави порака на крадецот на својот велосипед

 

19-годишната студентка од САД, Олгиемар Фрејре откако и бил украден велосипедот таа му оставила порака на една интересна порака која стана вистински хит на Интернет.

- До изметот што ми го украде велосипедот, од ова место за паркирање велосипеди: Знаеш ли колку долго работев за да го купам? За  работатада  биде уште полоша, ми го украде додека бев на работа. Имам 19 години и велосипедот го платив од сопствената заштеда. Работам 40 часа неделно. Исто така и се школувам. Тој велосипед беше моето единствено превозно средство, ти зае..н серко. Немам дури ни мобилен со камера! Не ме интересира кој си и од каде си, но штотуку украде нешто од личност, која се обидува да направи нешто од својот живот и која не оди наоколу за да краде туѓи работи. Е.и се. А доколку некогаш откријам кој си, иако имам само 45 килограми, ќе те претепам, напишала Фрејре во својата порака.

 

04.11.2013 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега