Филипче: Направен е список од 14.000 граѓани кои ќе бидат повикувани за вакцинација

 

Готови се списоците и прецизирано е кои категории граѓани први ќе ја примат вакцината против коронавирус, соопшти министерот Венко Филипче.

Последната препорака е да се вакцинираат и луѓето кои биле заболени без разлика дали имаат или немаат антитела. 

„И покрај вакцината, мора да се почитуваат мерките за заштита. Направен е список од 14.000 граѓани кои ќе бидат повикувани преку матичните лекари, преку системот „Мој термин”, вели Филипче.

 Македонија ќе набави кинеска вакцина, а се очекува дека во февруари ќе почне процесот на вакцинација. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2021 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега