Путин објави нов Закон: Семејствата на терористите ќе плаќаат за штетите од нападите

 

Претседателот на Русија, Владимир Путин, објави нов закон со кој роднините на терористите ќе сносат финансиска одговорност за извршен терористички напад.

Спроед законот предвидено е во случај на терористички напад, роднините на терористот да ја платат штетата, а исто така, Законот предвидува и  казна до 10 години затвор за лицата кои „минале обука која ќе им овозможи да извршуваат терористички мапади“ и посебно обука за ракување со експлозиви и друго оружје.

Според новиот закон, се предвидува и казна од шест години затвор за секој кој вп странство ќе се приклучи на некоја терористичка организација.

 

04.11.2013 - 09:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега