Запленети 1,4 тона кокаин крај брегот на Доминиканската Република
Како што соопшти полицијата во Богота, американската Воена морнарица пронајде 1,4 тона преработен кокаин во глисер крај брегот на Доминиканската Република
Како што пренесува ДПА, дрогата била запленета во меѓународните води југозападно од Доминиканската Република. Вредноста на запленетата дрога, чиј шверц го организрал колумбискиот нарко картел „Лос урабењос“, е проценета на 43 милиони долари.
Дрогата требала да стигне до доминиканскиот град Бараона.
При акцијата се уапсени четири лица, кои се префрлени во градот Тампа во американската сојузна држава Флорида, каде против нив ќе бидат покренати обвиненија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа