Гости седеле на маса во угостителски објект во Врапчиште во 23:00 часот

Затворен угостителски објект во селото Градец, општина Врапчиште откако полицијата затекнала гости во 23 часот.

-Вчера во 23.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во село Градец, општина Врапчиште, сопственост на Б.А.(39) од с.Градец. При контролата, во објектот биле затекнати седум лица-гости и сопственикот, кој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, велат од полицијата.

 Од страна на ДПИ објектот бил затворен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2021 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега