На забава се заразил со коронавирусот по вторпат и починал: Тинејџер во САД имал воспаление на белите дробови и само заспал

Американски тинејџер починал откако по втор пат се заразил со коронавирусот, додека бил на забава, иако неговата девојка рекла дека „почнал да се чувствува добро“.

Вилбер Портиљо (18) од Денвер починал на 19 ноември, објави британскиот весник Сан.

Неговата девојка, Андреа Ферел, за KDVR изјавила дека Портио почнува да се чувствува добро.

Портиљо првпат бил заразен со коронавирусот кога поради бизнис патување заминал во Лос Анџелес, изјавил неговиот чичко Оскар Кастиљо за Денвер.

Закрепнал, а тестовите покажале дека е негативен на коронавирусот, сепак, два месеци подоцна, тој бил на забава и добил висока температура.

Портиљо отишол на лекар на 18 ноември, кој му рекол дека има „многу сериозна инфекција на белите дробови и дека треба да пие силни лекови“.

"Тоа беше последен пат да го слушнам. После тоа, тој само заспа", рече Кастиљо.

Тестот за ковид, кој го направи на 18 ноември, се покажал позитивен на 21 ноември, два дена по неговата смрт.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега