Браво за момциве: Ја расплакаа келнерката со огромен бакшиш! (ВИДЕО)
Откако си нарачаа пица, неколку млади момчиња во еден американски ресторан предизвикаа солзи радосници во очите на келнерката која ги услужи бидејќи и оставија бакшиш од 200 долари.
Таа најпрво беше збунета, а потоа заплака од среќа за парите кои ги доби. Таа на добрите момчиња им раскажа дека добива два долари за час и дека е мајка на две дечиња.
Инаку, овие момчиња од GiveBackFilmsa насекаде во светот оставаат голем бакшиш на келнери и келнерки и го снимаат доброто делокое го прават.
03.11.2013 - 11:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа