Раиконен доби казна: Ќе стартува последен на денешната трка во Ф1

На возачот на Лотус ,Кими Раиконен му беше изречена казна по што на денешната трка од шампионатот во Формула 1 што ќе се вози за Големата награда на Абу Даби, тој ќе стартува последен.

Раинконен казната ја добил откако ФИА, го прегледала неговиот болид и забележале неправилности на неговиот под.

Од Лотус се оправдаа дека подот на болидот на Кими бил свиткан како резултат на поминување над еден раб на патеката за време на квалификациската сесија, но судиите не го прифатија таквото објаснување.

 

 

Трката ќе започне во 14 часот, а први ќе стартуваат Марк Вебер и Себастијан Фетел.

03.11.2013 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега