Георгиевски: Не чувствувам лична одговорност за лошиот нацрт извештај на УНЕСКО за Охрид

„Не чувствувам лична одговорност за лошиот нацрт извештај на УНЕСКО за Охрид“, истакна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски во вечерашното гостување во „Топ Тема“ на ТВ Телма.

Тој посочува дека откако е дојден на функција  на 5 мај во 2019 спроведени се многу работи, но сепак сегашната состојба е поради проблемите кои претходно се таложеле. Забелешките до Унеско ќе бидат испратени, но не очекува големи промени на извештајот.

-Со средсвата со кои располагаме постапивме и покажавме волја и спремност да се справиме со проблемот – рече тој, додавајќи дека за рушење на сите бесправни објекти потребни се многу време и пари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2021 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега