Стампедо во Нигерија - загинаа повеќе од 25 лица

 

Во стампедо по ноќната литургија во една црква во источниот дел на Нигерија, загинаа повеќе од 25 лица, а десетици се повредени.

Како што пишуваат тамошните медиуми загинале 28 лица, но бројот може и да се зголеми. По повод денот на Сите светци, се одржувала литургија, а некој под присутните извикал дека има пожар и се создало паника помеѓу верниците.

Во Нигерија на 2 ноември се одбележува Денот на Сите светци.

03.11.2013 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега