Си го проверувал Фејсбукот додека возел цистерна па умсртил полицаец
Хорор ја потресе Америка. Хорхе Еспиноза, возач на цистерна, додека возел го земал својот мобилен телефон во рака за да провери што има на Фејсбук, па предизвикал страотна несреќа кога не обрнувајќи внимание на патот, удрил во три полициски и две противпожарни возила во Аризона.
При сударот, невнимателниот возач усмртил еден од полициските службеници, додека уште еден со тешки повреди бил веднаш пренесен во болница.
Среќа во целата несреќа е што цистерната не била полна со гориво или некоја запалива течност.
03.11.2013 - 10:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа