ФОТО: Запознајте го детето кое не знае што е болка
Ова мало момченце е родено со нарушување поради кое не чуствува болка од било какви изгореници, исекотини или скршеници. Се работи за 5-годишниот Исак Браун за кој родителите побарале лекарска помош, но докторите им кажале дека за оваа болест не постои лек.
Сега родителите се соочуваат со големи проблеми, бидејќи треба да му објаснуваат постојано на малиот Исак што е опасно, а што не. За жал, ова не е единствениот проблем на родителите бидејќи Исак исто така страда од друга болест, а тоа е неможноста да ја контролира телесната температура и да прави разлика од топлина и студ.
03.11.2013 - 10:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа