Денеска напладне помрачување на Сонцето
Последното помрачување на сонцето за оваа година ќе се случи токму денеска. Ова ќе биде второто помрачување на сонцето во текот на оваа година.
Само населението во централна Африка на неколку моменти ќе може да го види целосното помрачување на сонцето, а ќе го забележат и од јужна Европа и источна Америка.
Вакво помрачување на сонцето, настанува кога Месечината е на таква оддалеченост што од некои краеви, поради закривеноста на Земјата, се гледа прстенесто, а од други – целосно помрачување.
03.11.2013 - 10:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа