Шеќеринска: Не се кријам и плашам бидејќи тоа што го говорам е вистина

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска денеска реагираше на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека освен пет стана од половина милион евра, има и вила во Маврово.

- Изгледа во четвртокот навистина допревме болна точка на која владејачката партија  и премиерот немаат одговор. Затоа, денеска ја откриваат Америка и после 10 мои изјави. Се прашувам за што ќе бидам обвинета во деновиве кои проаѓаат. Дали ќе бидам обвинета и за ниската откупна цена на јаболката, дали ќе бидам обвинета за падот на Вол стрит, дали ќе бидам обвинета и за убиството на Кенеди, можеби? И сето тоа, само за да се создадат нови лаги, манипулации, напади и навреди коишто ќе го скријат фактот дека премиерот не можеше да каже ниту еден збор за дуплираниот имот на својот директор на тајната полиција и братучед. Не можеше да каже ниту збор, за “техничката грешка”, замислете, од 720 илјади евра. Не можеше  да каже ниту еден збор за чудната математика на неговите фирми. Затоа во овие последни 2 дена ВМРО-ДПМНЕ мора да каже се што може и се што не може, само за да ја измести темата и да го премолчи тој факт. Навистина е смешно, кога една партија чиј претседател и премиер живее во четирите стана на својата мајка, си го поставува прашањето дали јас смеам да одам во семејната куќа на мојата свекрва. Тоа е навистина смешно, но веќе станува многу бедно и лицемерно, вели Шеќеринска во реакцијата.

Шеќеринска додава и дека разликата меѓу неа и ВМРО-ДПМНЕ е тоа што таа не се крие и не се плаши бидејќи како што вели, нема што да сокрие.

 

02.11.2013 - 15:53

најчитано сега