Нападнат кандидат за градоначалник на Косовска Митровица

Во Косовска Митровица синоќа  двајца маскирани мажи го нападнале кандидатот за градоначалник од Граѓанската иницијатива „Српска“, Крстимир Пантиќ.

Според неговите изјави целта на нападот била негова ликвидација, изразувајќи верување дека тоа ќе биде последен политички мотивиран напад врз Срби во Митровица.

Крстимир Пантиќ е еден од петмината кандидати за градоначалник на Косовска Митровица на локалните избори.

02.11.2013 - 14:46

најчитано сега